Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ се враќа на тенисот во Монте Карло

Ѓоковиќ се враќа на тенисот во Монте Карло
Dik 300x250 mk

Новак Ѓоковиќ, кој го загуби првото место на АТП листата по пропуштањето на повеќе турнири поради одбивањето да се вакцинира, ќе се врати на турнејата на Мастерсот во Монте Карло, потврдија од неговиот тим.

„Новак ќе ја отвори сезоната на земја во Монте Карло, каде што има две Мастерс 1000 титули во 2013 и 2015. Турнирот се оддржува во Кантри клубот на Монте Карло од 10 до 17 април“, се вели во објавата.

Ѓоковиќ, инаку, живее во Монте Карло, малата држава која што дозволува влез со доказ за опоравување од КОВИД-19 во последните шест месеци. Турнирот во кнежевството е еден од повеќето загревачки турнири за Ролан Гарос, кој се оддржува од 22 мај до 5 јуни во Париз и каде што Србинот се надева дека ќе може да настапи по последното „олеснување“ на ограничувањата во Франција.

> Ѓоковиќ се враќа на тенисот во Монте Карло <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја