Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ѓоковиќ, на крај, може да заврши во камп за имигранти?

Ѓоковиќ, на крај, може да заврши во камп за имигранти?
Img 7972

Драмата околу пристигнувањето на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во Австралија за настап на гренд слемот на кој триумфирал девет пати, може да заврши со сместување на Србинот во „камп за имигранти“, тврди австралискиот весник „Хералд сан“.

Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн со лет од Дубаи, по што беше откриено дека патува во Австралија со работна виза, која не дозволува медицински исклучоци за невакцинираните и за тоа мора директна поддршка од провинциската влада на Викторија. Заменикот министер за спорт на Викторија, Џала Палфорд, изјави дека нема да му даде ваква дозвола на Србинот, по што сега за неговото влегување ќе одлучуваат граничните служби.

Според „Хералд сан“, извор од владата на Австралија посочил дека „е можно да го пратат дома, или да го остават во камп за имигранти“.

> Ѓоковиќ, на крај, може да заврши во камп за имигранти? <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН