Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Зверев ми рече дека ќе ме „претепа“ доколку не го победам Медведев

Ѓоковиќ: Зверев ми рече дека ќе ме „претепа“ доколку не го победам Медведев

Најдобриот светски тенисер, Новак Шоковиќ, утре против Данил медведев ќе се бори за титулата на Ју-ес опен. Ѓоковиќ, во полу-финалето, по голема борба го победи Александар Зверев со 3:2 (4/6, 6/2, 6/4, 4/6, 6/2).

Зверев по мечот не штедеше комплименти за играта на Ѓоковиќ,а Србинот открил каква порака му испратил Германецот.

„Ми посака среќа и другарски ми порача дека ќе ме „претепа“ доколку во недела не ја освојам титулата. Настрана шегата, ние навистина добро се согласуваме и навистина е убаво од него што ми испрати таква поддршка и на мрежата по мечот и во соблекувалната“, рекол Ѓоковиќ.

Доколку, српскиот тенисер во недела ја освои титулата, ќе го комплетира календарскиот гренд слем.

> Ѓоковиќ: Зверев ми рече дека ќе ме „претепа“ доколку не го победам Медведев <

Можете да прочитате

Ракометарките загубија од Австрија на првиот тест меѓу двете селекции

Лука Ангелов со сребро за Македонија во таекводно на турнир во Албанија

Лионел Меси со еврогол гол го спаси Интер од пораз (ВИДЕО)