Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Го организиравме турнирот премногу рано, тоа беше грешка

Ѓоковиќ избори четвртфинале во Синсинати

Белград, 23 јуни 2020 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш зборуваше за организацијата на хуманитарниот турнир „Адрија Тур“, објаснувајќи дека е организиран премногу рано, што било грешка.

Тој им се извини на сите оние кои беа оштетени од турнирот и истакна дека верува оти сите здравствени протоколи се исполнети и дека регионот е во доволно добра состојба за да ги обедини луѓето.

– Длабоко им се извинувам на сите на кои турнирот им нанесе штета. Сè што направивме јас и организаторите во претходниот месец, го направивме со искрена намера и чисто срце. Верувавме дека турнирот ги исполни сите здравствени протоколи и дека нашиот регион е во добра состојба за да ги обедини луѓето од филантропски причини. Направивме грешка, беше прерано. Не можам да ви опишам колку ми е жал за апсолутно секој случај на заболен. Доколку сте биле на „Адрија тур“ или сте биле блиску до некој од учесниците, ве молам тестирајте се и почитувајте ја социјалната дистанца. За оние во Белград и Задар, ние ќе споделиме здравствени ресурси со нив во иднина, напиша Ѓоковиќ.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига