Утрински Весник
Свет

Шји Џјинпинг изрази сочувство за смртта на Жискар Дестен

Шји Џјинпинг изрази сочувство за смртта на Жискар Дестен

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изрази искрено сочувство до францускиот претседател Емануел Макрон за смртта на поранешниот шеф на државата Валери Жискар Дестен.

Поранешниот претседател беше голем француски државник и важен промотор на европската интеграција, се наведува во пораката на кинескиот претседател, објави државната ЦЦТВ.

„Тој ја сакаше кинеската култура, активно ја охрабруваше пријателската размена и соработка меѓу Кина и Франција и многу придонесе за развој на односите меѓу двете земји“, рече Кси.

Валери Жискар Дестен почина на 95-годишна возраст од последиците од инфекција со коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа

Бугарски „Твин Пикс“: Шест тела, една запалена планинска колиба и многу неодговорени прашања