Утрински Весник
Спорт

Шчесни до Ребиќ: Губите 2:0 немој да глумиш (Видео)

Шчесни до Ребиќ: Губите 2:0 немој да глумиш (Видео)

Милан пред два дена со епски пресврт успеа да го победи Јувентус со 4:2. До 62 минута Јувентус имаа предност 0:2, а потоа во интервал од 18 минути фудбалерите на Милан со четири гола го декласираа противникот.

Камерите на „Сан Сиро“ уловија интересн момент од овој натпревар кога резултатот се уште беше 0:2. Анте Ребиќ се обиде да избори пенал, наместо најстрога казна тој доби жолт картон.

Намерата на Рабиќ предизвика реакција кај голманот на Јувентус Војчех Шчесни.

„Губите 2:0, немој да глумиш“, рекол полскиот голман алудирајќи дека се е готово.

Осум минути по тој момент Милан преку Ибрахимовиќ, Кеси и Леао направија целосен пресврт, а конечниот резултат во 80 минута го постави Ребиќ.

Прашање е само дали Ребиќ му „врати“ на Шчесни?

 



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пикси објави изненадувачки спсок со кои Србија ќе игра на ЕП

Фоден избран за играч на сезоната во Премиер лигата

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал