Утрински Весник
Македонија

Штип ќе набави ново пајак возило и ќе гради платформа за паркирање

Штип ќе набави ново пајак возило и ќе гради платформа за паркирање
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 11 февруари 2020 (МИА) – Штип ќе набави уште едно пајак возило најави градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Набавката на возилото ќе биде по изборите.

-Еве создаваме паркинг места, но даваме и за право да ставаме ред во сообраќајот. Се поставуваат и столбчиња, со што се гарантира безбедно движење и на пешаците по тротоарите, а не тие да бидат паркинг простор. Токму и тоа е вистинската грижа и така ќе работиме со цел решавање на вистинските проблеми на нашите граѓани, изјави Бочварски.

Тој истакна дека очекуваат од Бирото за рамномерен регионален развој да се распишат и тендерските постапки за регионалните проекти, а Општина Штип има добиено проект за изградба на уште една платформа за паркирање на возила кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Оваа платформа ќе чини 18 милиони денари, од кои половина од средствата се обезбедуваат од Бирото за рамномерен регионален развој, а останата половина ќе се обезбеди од буџетот на  Општина Штип.

Во моментов штипското Јавно претпријатие „Стипион“ функционира со едно пајак возило, кое веќе става ред во паркирањето низ централното градско подрачје и тесните улички. вдј/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За една недела 1.725 случаи на болни од грип – да се избегнуваат собири, заболените да се јават на матичен лекар и да останат дома

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево поради електронско внесување на податоци за патници без ЕУ пасоши