Утрински Весник
Македонија

Штип со нови мерки и отворен пункт за тестирање на граѓаните

Штип со нови мерки и отворен пункт за тестирање на граѓаните

Штип, 23 март 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб на Штип денеска по вториот координативен состанок ги соопшти и новите мерки што ќе се преземат за поголема заштита на населението од ширење на вирусот Ковид 19. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека во изминатите 24 часа  има четири тестирани лица од регионот, и сите се негативни.

-Општинскиот Штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци,  од денесКА АРМ е ставена во функција на поддршка на МВР, освен на граничните премини ќе биде и на терен во служба на граѓаните според потребите. Апелирам граѓаните најсериозно да се придржуваат кон полицискиот час, од вечерва секој кој ќе биде затечен надвор од својот дом после 21 часот ќе биде приведен во полициска станица, вели Бочварски.

Тој истакна дека од денеска е отворен и пункт за тестирање на граѓаните.

– Од денеска е отворен пункт на паркингот кај Здравствениот дом „ Панче Караѓозов“ за тестирање на граѓани. Од утре паркингот позади ЈЗУ „Панче Караѓозов“ ќе биде затворен за движење на возила од 8 до 14 часот поради формирањето на овој пункт. Но апелирам дека тестирањето се врши исклучиво со упат од матичен лекар, вели Бочварски.

Посочува дека поради тоа што до денеска немаат никакви информации за вршење дезинфекција на влезовите во станбените згради од страна на куќните совети, Оптина Штип ќе пристапи кон вршење на дезинфекција, а како што вели Бочварски нема да дозволат да бидат набљудувачи во ваква вонредна состојба, затоа што здравјето на граѓаните  е пред се.

-Општина Штип денеска ги снабди со заштитни маски локалните и централните институции на територијата на Општина Штип. До денеска се поделени над 3.000 маски на  припадниците и вработените во АРМ, СВР, Клиничка болница, Здравствен дом, Трансфузија, ЈП Исар, ЈП Стипион, Противпожарната единица, пензионерите, лицата со посебни потреби и лицата со други болести да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно и да ги користат телефонските броеви на Општина Штип (078 472 621 и 032 226 623) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош од типот на: плаќање сметки, пазарење на основни намирници за исхрана, подигање лекови од аптека и достава до живеалиштето, вели Бочварски.

Црвен крст во соработка со Општина Штип отвори телефонска линија за психосоцијална поддршка на граѓани 074203050 која функционира од 10 до 13 часот. Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип продолжуваат со редовно дезинфицирање на улиците, јавните површини, плоштадот, површините пред маркетите и аптеките, во просториите на СВР Штип, ЈЗУ „Здравствен дом“ Штип, и сите останати витални институции со цел поголема безбедност на граѓаните.

-Сите правни субјекти кои користат јавна површина пред деловен објект од периодот на прогласување на пандемија се изземаат од плаќање комунална такса кон Општина Штип. Апелираме да се следат препораките на Министерството за здравство и на сите надлежни институции, рече Бочварски.вдј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор