Утрински Весник
Македонија

Штип со низа на мерки за заштита на граѓаните, но и на новинарите

Штип со низа на мерки за заштита на граѓаните, но и на новинарите

Штип, 16 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска информираше дека општината во текот на изминатите денови има преземено низа мерки за спречување на ширење на вирусот Ковид-19, како што се превентивното миење на улиците, контејнерите, како и дезинфекција на објектите на сите градинки и неколку основни училишта.

-Со мерки во оваа насока и согласно препораките на Министерство за здравство, ќе продолжиме и понатаму, а се со цел да се заштити населението на територија на општина Штип од новонастанатата пандемија. Утрово остварив средба со директорката на Центар за јавно здравје, директорот на Клиничка болница Штип и директорката на Здравствен дом. На оваа средба разменивме информации во однос на состојбите во Општина Штип. До овој момент, во Штип нема заразени од вирусот COVID-19. Ние како Општина Штип во соработка со останатите релевантни институции преземаме низа мерки за спречување на ширењето на вирусот, изјави Бочварски.

Посочи дека е спроведена дезинфекција на автобусите за градски превоз на текстилните работнички. Од утре Центарот за јавно здравје-Штип ќе  започне со втора дезинфекција на овие автобуси, како и на сите возила вклучени во такси превозот.

-Денеска пожарникарите по трет пат  ќе ги дезинфицираат улиците и јавните површини со специјален течен концентрат за дезинфекција, рече Бочварски.

Општината предлага и заштитни мерки за заштита на здравјето на новинарите.

– Изјавите на медиуми ќе ги снимаме во мојот кабинет, а ќе им ги испраќаме на новинарите преку соодветни платформи за трансфер на видео записи. Преку постојана комуникација преку е-маил и преку телефон, тие ќе можат да ги поставуваат своите прашања, за на тој начин да се избегне загрозување на нивното здравје, истакна Бочаврски.

Тој додаде дека како институција презеле и низа на заштитни мерки за вработените во општината. Своите потреби и информации граѓаните ќе можат да ги реализираат со јавување директно во приемното одделение на броевите 032/226-650, 032/226-655 или 078/472-625 и одделението за администратирање на даноци 032/226-625, секој работен ден од понеделник до петок од 7:30 – 15:30 часот и преку официјалната веб страница на Општина Штип – www.stip.gov.mk. Наведува дека службите на Општина Штип се ставени во функција да им излезат во пресрет на сите граѓани, да ги информираат за начинот на достава, начинот на поднесување на барања и слични документи преку горенаведените начини за комуникација. вдј/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери

Дванаесет активни пожари, Ангелов со апел до граѓаните да не учествуваат во гаснењето, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири

Важни информации за граѓаните кои денеска и утре ќе одат на комплексот ” Св.Наум”