Утрински Весник
Македонија

Штипјанец се здобил со тешки повреди по пад од мотоцикл

Штипјанец се здобил со тешки повреди по пад од мотоцикл

59-годишен штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал на коловозот од мотоциклот кој што го управувал, соопшти полицијата.

Од таму појаснуваат дека вчера во 12.00 часот било пријавено дека во Штип, на крстосницата од ул.„Сутјеска“ со ул.„Митко Соколов“, Б.Ж (59) од Штип управувајќи го својот мотоцикл „генерик хор“, со штипски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип, информираат полициските служби.

Можете да прочитате

Тепачка меѓу болничари во Ургентниот центар на Клинички

Мицкоски: „Го знам премиерот” не поминува веќе, функционерите кои се повикуваат во мое име, ги знаеме-следува реакција

Полицаец од Кичево пријавен за малтретирање, употребил сила иако немало отпор