Утрински Весник
Македонија

Штипскиот Универзитет ја продлабочува соработката со бугарскиот Рударско – геолошки универзитет

Штипскиот Универзитет ја продлабочува соработката со бугарскиот Рударско – геолошки универзитет

Штип, 25 февруари 2020 (МИА) – Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, академик Блажо Боев денеска оствари средба со ректорот на Рударско – геолошкиот универзитет „Свети Иван Рилски“ од Софија, Р Бугарија на која станало збор за зајакнување и проширување на соработката која и досега ја имаа двата универзитети, а во насока на евроинтеграциските процеси кои и претстојат на нашата земја.

-Разговаравме во поглед на тоа да ги подигнеме на повисоко ниво врските и нашата соработка во делот на Рударско – геолошкиот факултет во поглед на заеднички програми, лаборатории, истражувачки проекти, се она што ЕУ може како иницијатива да го поддржи во регионалното поврзување на овој дел на Западен Балкан. Ова е исклучително добра иницијатива за иднината на нашите универзитети, секако и за поврзување со другите европски универзитети, а сепак Бугарија ни е релативно блиска земја која може да ги поддржи нашите интеграции и нашето интегрирање во Европската унија, рече Боев.

Ректорот на Рударско – геолошкиот универзитет од Софија, проф. д-р Ивајло Копрев рече дека  вмрежувањето на европските универзитети е најдобрата опција и насока:

– Иднината е една мрежа од европски универзитети, и ние можеме да бидеме првите кои ќе го направиме првото вмрежување, и заедно да работиме на заеднички лаборатории, проекти, размена на професори, студенти. Програмата Еразмус кај нас одлично функционира со вашиот универзитет, така што, тоа е иднината, тоа е патот по кој треба да одиме заедно напред. Вие имате наука на високо ниво, има голем потенцијал во бизнисот, затоа што има заеднички проекти, и само така ќе се интегрираме, рече Копрев. вдј/вг/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во функција четвртата целосно сервисирана локомотива

Директорот на Психијатриската болница „Скопје“ изразува жалење за трагичниот настан во кој пациент го загуби животот по физичка пресметка

Затворен за сообраќај експресниот пат Прилеп-Градско