Штип, 29 април 2020 (МИА) Градскиот Пазар во Штип ќе работи два дена. Оваа одлука е донесена од страна на штипското комунално претпријатие „Исар“, кое стопанисува со овој објект. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев на денешната прес-конференција истакна дека одлуката е донесена со цел во петок, на 1 мај да не се создаваат големи гужви на пазарот.
– Сакам да ја информирам јавноста дека Градскиот Пазар ќе работи два дена и тоа во четврток од 7 до 18 часот и во петок од 7 до 13 часот. Повик до граѓаните дека при посетата на пазарот задолжително е носење на маски, вели Тасев.
Во наредните два дена на пазарот ќе има и волонтери, кои ќе контролираат дали граѓаните носат заштитни маски, а оние кои немаат маски нема да се пуштат во пазарот.
– Како и минатата недела и денеска правиме дезинфекција, а и по завршувањето на првиот пазарен ден утре ќе се направи повторно дезинфекција, вели Тасев.
Апелираше граѓаните кои се над 65 години да го почитуваат времето кое им е дозволено за да се движат. вдј/мс/