Утрински Весник
Македонија

Штабот за заштита и спасување на Радовиш со повеќе мерки за спречување на коронавирусот

Штабот за заштита и спасување на Радовиш со повеќе мерки за спречување на коронавирусот

Струмица, 19 март 2020 (МИА) – Се отстранува продажбата на текстилните производи од Градскиот пазар во Радовиш и истиот ќе биде наменет само за продажба на овошје и зеленчук со работно време во понеделник, среда и сабота, а ќе биде контролиран од полициски службеници и пазарната инспекција.

Ова е еден од заклучоците што ги донесе Штабот за заштита и спасување на општина Радовиш на денешниот состанок.

Покрај тоа, продолжува дезинфекцијата на улиците и јавни површини на подрачјето на општината и се воведува редуцирано работното време на вработените во Општина Радовиш од 08:00 до 14:00 часот, со по еден вработен во канцеларија.

Штабот ги задолжи такси превозниците секојдневно да вршат дезинфекција на своите возила, а погребните обреди да се одвиват во потесен круг на семејството.

До граѓаните се апелира да бидат совесни при купување на поголеми количини на прехранбени, заштитни и дезинфекциски средства и непотребно да не создаваат залихи.рт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

„Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите