Утрински Весник
Магазин

Шпекулации за предбрачниот договор на Меланија Трамп, и што ќе се случи ако се разведе од Доналд

Шпекулации за предбрачниот договор на Меланија Трамп, и што ќе се случи ако се разведе од Доналд

Кога Доналд Трамп се ожени со својата трета сопруга Меланија Кнаус, тој веќе беше успешен бизнисмен со огромно богатство.

Доналд и Меланија се сретнаа на холивудска забава во 1998 година и се венчаа неколку години подоцна, но тие потпишаа куп документи пред да ги кажат своите завети.

По средбата на забавата, двојката го врза јазолот во 2005 година во присуство на некои од најпознатите и највлијателните луѓе во светот.

Но, пред да речат „Да“, Трамп го натера моделот да потпише предбрачен договор, исто како што стори и со неговите претходни сопруги, пишува британски „Мирор“.

Меланија излезе во јавност да го брани сопругот по неговиот изборен пораз версус Џо Бајден. Меѓутоа, поранешен асистент претходно тврдеше дека „таа ја брои секоја минута додека тој не излезе од канцеларијата, за да може да се разведе“.

Во 2018 година, Омароса Маниголт Њумен тврдеше дека бракот на двојката е завршен. „Ако Меланија се обиде да го понижи и да си замине додека е на функција, тој ќе најде начин да ја казни,“ изјавил Њумен пред две години, како што пренесува британскиот весник.

Портпаролот на Првата дама тогаш изјави дека Њумен едвај ја познава Меланија.

Но, што ќе се случи ако тие се разделат?

Додека деталите за нивниот предбрачен договор се тајни, темата на нивната спогодба, наводно, е извор на фасцинација во правните кругови.

Питер Стемблик, од адвокатската фирма Aronson Mayefsky & Sloan со седиште во Њујорк, за магазинот „Таун и кантри“ рече: Со документот станува јасно дека, во случај на развод, сè што е на негово име ќе биде негово и сè што е на нејзино име останува нејзино.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста