Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Шпан: Мерки низ целата земја за „разбивање“ на третиот бран на пандемијата

Шпан: Мерки низ целата земја за „разбивање“ на третиот бран на пандемијата
Img 7972

Директорот на германскиот институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер, рече дека нема да биде можно да се запре третиот бран на пандемијата на коронавирус, кој предизвикува загрижувачки пораст на бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега.

„Не можеме да го спречиме овој трет бран, но се надевам дека ќе можеме да го разбиеме, што можеме само заедно“, рече Вилер за „Ројтерс“.

Тој забележ дека болниците ќе бидат преоптоварени со пациенти заразени со сега веќе доминантниот британски вид коронавирус, кој е позаразен и посмртоносен од претходните видови.

Во исто време, министерот за здравство, Јенс Шпан изјави дека Германија треба да примени мерки низ целата земја со цел што побрзо да се „разбие“ сегашниот бран на зараза со коронавирус.

„Потребно ни е заклучување“, им рече Шпан на новинарите, додавајќи дека можеби ќе биде потребен ноќен полициски час за дополнително намалување на социјалните контакти.

Шпан изјави дека скоро 4.500 пациенти во моментов се на интензивна нега во Германија.

„Ако ова продолжи, тоа ќе биде премногу за нашиот здравствен систем“, заклучи министерот.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација