Утрински Весник
Спорт

Шпанците со супериорно второ полувреме ја „средија“ Данска за финале

Шпанците со супериорно второ полувреме ја „средија“ Данска за финале
300x250 (7)

Шпанија ќе се обиде да стигне до своја трета европска титула во низа, откако се пласираа во финалето на ЕП во Унгарија и Словачка, со тешка, но и заслужена 29:25 победа над Данска во фантастична партија за двете репрезентации.

Данците имаа подобар старт на мечот и предност од четири гола (4:8 и 8:12), но Шпанците успеаја да се вратат на само еден гол на полувреме (13:14), пред во второто полувреме да имаат далеку подобра игра, предводени од фантастичниот Гонзало Перез де Варгас на голот. Тие го презедоа водството во 40. минута од мечот, по што направија три предност (23:20) на 11 минути пред крајот, по што немаше камбек за Данците.

300x250 (7)

Перез де Варгас имаше 13 одбрани на голот, Алеш Гомез Абелјо имаше 11 гола, а „џокер“ беше ветеранот Жоан Кањелјас со 7 постигнати голови. Кај Данска, Микел Хансен имаше 8 гола, а Магнус Ландин додаде 4.

Шпанците за титулата во недела ќе се борат со подобриот од мечот помеѓу Франција и Шведска, кој се игра од 20.30 часот.

> Шпанците со супериорно второ полувреме ја „средија“ Данска за финале <

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер