Утрински Весник
Македонија

Шпански државјанин обвинет за поседување дрога

Шпански државјанин обвинет за поседување дрога
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопското обвинителство поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Обвинетиот, 35-годишен шпански државјанин со престојувалиште во Скопје, на 28 октомври, на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, во внатрешниот лев џеб на јакната заради продажба неовластено држел едно полиетиленско пакување наркотична дрога – хероин во вкупна нето маса од 10,39 грама и две полиетиленски пакувања наркотична дрога – кокаин во вкупна нето маса од 0,70 грама. Дрогата била пронајдена и одземена при рутинска контрола и личен претрес на осомниченото лице.

Јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје