Утрински Весник
Свет

Шпанија ќе воведе боледување за жените со болна менструација

Шпанците планираат да воведат боледување за жените кои страдаат од силни болки поради менструацијата. Во предлог-законот се наведува дека жените би можеле да имаат три дена боледување месечно поради болна менструација, а боледувањето во некои случаи може да биде продолжено и до пет дена, пренесува Би-би-си.

Но, политичарите предупредуваат дека на законот и натаму се работи. Доколку законот помине, тој би бил прв од ваков вид во Европа. Само неколку земји во светот имаат таков закон.

Оваа шпанска одлука е дел од многу поголема реформа на законот за репродуктивно здравје што ќе вклучи промени во врска со абортусот. Со лекарска препорака ќе биде дозволено тридневно боледување за болни циклуси, се вели во нацртот. Потенцијално ќе може да се продолжи на пет дена поради исклучително силна болка.

Тоа е поширок пристап за третирање на менструацијата како здравствена состојба, што треба да вклучи и укинување на ДДВ-то за некои хигиенски производи.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад