Утрински Весник
Спорт

Шпанија светски првак во ватерполо

Spanija Vaterpolo

Шпанските ватерполисти станаа светски прваци, откако во финалето ја совладаа Италија, со подобро изведување пенали (15:14), откако во регуларниот дел резултатот беше 9:9.

Шпанците имаа два гола предност во последниот период, а Италија успеа да израмни и се избори за изведување пенали. Сепак, „црвената фурија“ славеше по голема драма.

Ова своевидна одмазда на Шпанците за 2019 година, кога Италија ги совлада и стана светски шампион. Третата позиција ѝ припадна на Грција која беше подобра од Хрватска со 9:7.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка