Утрински Весник
Спорт

Шпанија против Хрватска сруши рекорд на ЕУРО стар два дена

Шпанија против Хрватска сруши рекорд на ЕУРО стар два дена

Фудбалската селекција на Данска стана првата репрезентација која постигнала најмалку по 4 гола на 2 меча во низа на едно ЕП. Шпанија денеска го сруши тој рекорд на Данците стар само 2 дена.

Избраниците на Луис Енрике денеска станаа првата селекција во историјата на ЕП која на два меча во низа постигнала најмалку по 5 гола.

Првин тоа им успеа во третото коло од групната фаза против Словачка (5-0), а денеска во осминафиналето со 5-3 беа подобри од Хрватска.

Денешниот меч на „Паркен“ во Копенхаген беше вториот најефикасен меч во историјата со 8 гола.

Најефикасниот меч со девет постигнати гола е на Европско првенство во 1960 година. Тогаш Франција ја победи Југославија со 5-4 во полуфинале.

> Шпанија против Хрватска сруши рекорд на ЕУРО стар два дена <

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата