Утрински Весник
Свет

Шпанија одобри вакцинација против Ковид-19 за деца од 5 до 11 години

Шпанија одобри вакцинација против Ковид-19 за деца  од 5 до 11 години

Шпанската здравствена комисија одобри вакцинација на деца на возраст од пет до 11 години против коронавирусот.

Мадрид ја донесе одлуката по препорака на Европската агенција за лекови минатиот месец, пренесуваат медиумите.

Стапката на вакцинација против Ковид-19 во Шпанија е речиси 80 проценти, но властите се обидуваат да ја забрзаат имунизацијата.

Вакцинацијата на децата и младите кои можат да го пренесат вирусот се смета за клучен чекор кон спречување на пандемијата.

Можете да прочитате

Иран ги прекина испораките на гас за Турција

Двојни цени за гориво: 2,6 евра за странци, 1,62 евра за Унгарци

Брод со хуманитарна помош пристигна во Куба