Шпанија денес, и покрај силното противење на десницата и верските групи, направи голем чекор кон легализирање на евтаназијата со усвојување на законот во Долниот дом на парламентот што им овозможува на сериозно болните да изберат да стават крај на животот.
Предлог-законот, кој дозволува евтаназија и помош за самоубиство за тешки и неизлечиви болни лица или оние со болести што предизвикуваат неподносливо страдање, беше поддржан од 198 пратеници, а против него беа 138 пратеници.
Предлог-законот сега ќе биде испратен до Сенатот кој може да го претвори во закон или да го врати во Конгресот со амандмани. Доколку нема амандмани, тој може да биде усвоен на пролет следната година.
Шпанија, доколку го усвои законот, ќе стане четврта земја во Европската унија по Белгија, Луксембург и Холандија, што ќе ја легализира евтаназијата.