Шпанија и Португалија го објавија својот заеднички проект за организација на Светското првенство во 2030 година со мала симболична церемонија на „Ванда Метрополитано“ пред пријателскиот меч меѓу двете репрезентации, кои се фаворити за ЕП.
„Владите на Шпанија и Португалија сакаат да ја покажат својата посветеност за Светското првенство во 2030“, се вели во договорот, кој го потпишаа португалскиот премиер, Антонио Коста, и шпанскиот премиер, Педро Санчез, во присуство на кралот на Шпанија, Фелипе Шести, и португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса.
Овој натпревар исто така беше одигран на 100-годишнината од првиот португалски интернационален меч, 3:1 поразот од Шпанија во Мадрид во декември 1921 година. Двата тима излегоа на теренот со маички „Вамос 2030“. Досега најавени кандидатури се тие на Велика Британија и Ирска и таа на четири јужноамерикански земји – Аргентина, Уругвај, Парагвај и Чиле.
> Шпанија и Португалија објавија кандидатура за СП 2030, па одиграа здодевно реми <