Утрински Весник
Спорт

Шоу на Стеф Кари, Тимот Леброн победи на Ол стар натпреварот

Шоу на Стеф Кари, Тимот Леброн победи на Ол стар натпреварот

Тимот Леброн го победи Тимот Дурент со 163:160 на Ол стар викендот во Кливеленд. Како вистински капитен, Џејмс му ја донесе победата на својот тим во последниот напад. МВП е Стеф Кари кој одигра неверојатен натпревар.

Главниот настан на Ол стар викендот, натпреварот на најголемите ѕвезди во лигата донесе вистински спектакл во решија на Кари. Бекот на Голден стејт Вориорс натпреварот го заврши со 50 поени. Кари постигна 16 тројки, што е апсолутен рекорд, седум од нив во третата четвртина.

Во Тимот Леброн, Јанис Адетокумбо постигна 30 поени, на кои придодаде 12 скокови, 24 со осум асистенции забележа Леброн Џејмс, Никола Јокиќ мечот го заврши со 10 поени, девет скока и осум асистенции.

На спротивната страна се издвои Џоел Ембид со 36 поени и 10 скокови, 20 уфрли Девин Букер, 18 Ламело Бол, 17 Џа Морент.



> Шоу на Стеф Кари, Тимот Леброн победи на Ол стар натпреварот <

Можете да прочитате

Луис Хамилтон призна дека имал ментални проблеми

ФИФА го суспендираше Самуел Ето

Драган Канатларовски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Молдавија и Грузија