Утрински Весник
Свет

Шолц ја отфрли идејата за мировна мисија на НАТО во Украина

Шолц ја отфрли идејата за мировна мисија на НАТО во Украина

Портпаролот на германската влада Штефен изјави дека германскиот канцелар Олаф Шолц е силно против какво било учество на НАТО во војната во Украина.

Имено, портпаролот на германската влада се повика на изјавата на претседателот на владејачката полска партија Право и правда (ПиС) Јарослав Качински, кој рече дека НАТО треба да размисли за организирање мировна мисија во Украина.

Во Украина нема да бидат испратени војници на НАТО

„Мислам дека е неопходно да се организира мировна мисија на НАТО со евентуално поширока меѓународна структура. Тоа би била мисија која би можела да се одбрани, а која ќе дејствува на територијата на Украина“ – рече Кацински.

Коментирајќи го предлогот од Полска, Хебестрајт нагласи дека германскиот канцелар јасно кажал што мисли за учеството на НАТО во Украина.

„Ниту еден персонал на НАТО, ниту еден војник на НАТО нема да бидат испратени надвор од НАТО или во Украина. Тоа сепак мора да биде црвена линија“ – ги пренесе Хебестрајт размислувањата на германскиот канцелар.

Тој исто така нагласи дека во овој момент не може да се прави соодветна разлика меѓу мировните и другите мисии во Украина, што може да создаде дополнителна тензија во односите со Руската Федерација.

„Не може да се прави јасна разлика меѓу она што би се нарекло мисија за хуманитарна помош и борбена мисија на НАТО. Претседателите на Франција и САД отсекогаш одбивале да распоредат војници на НАТО во Украина“, соопшти Берлин.

Можете да прочитате

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија