Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети украинските војници кои се во Германија на обука за управување со германските тенкови.
По тој повод, Шолц вети дополнителна воена помош за Украина.
„ Германија сака да даде свој придонес војниците во Украина да ја добијат оптималната поддршка што им е потребна“, објасни тој.
Шолц го посети воениот полигон Путлос, каде што украинските војници се обучуваат за употреба на противвоздушно оклопно возило Гепард.
„Германија дава на располагање модерно и ефективно оружје, бидејќи Украина има право да ја брани сопствената земја, интегритет, независност и суверенитет“, рече канцеларот.
Тој изрази восхит од украинските војници за нивната храброст и се заблагодари на германската армија за вклученоста во обуката на украинските колеги. Шолц беше импресиониран од потенцијалот на Гепардот и рече дека видел колку е ефикасен во одбраната на воздушните напади.
Тој најави дека Германија ќе ѝ испорача повеќе системи за тешко вооружување на Украина, наведувајќи ги тенковските хаубици, повеќекратните ракетни фрлачи Ирис-Т, кои, како што вели, можат да обезбедат одбрана на воздушниот простор на цели градови.