Утрински Весник
Свет

Шолц: Мора да избегнеме конфликт со Русија, тоа би довело до Трета светска војна

Шолц: Мора да избегнеме конфликт со Русија, тоа би довело до Трета светска војна

НАТО мора да избегне директен воен конфликт со Русија што може да доведе до Трета светска војна, изјавил германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за германски медиуми на прашањето за неуспехот на Германија да испорача тешко оружје на Украина.

Ројтерс пренесува дека Шолц рекол дека нема правилник во кој се наведува кога Германија може да се смета за страна во војната во Украина.

„Затоа е уште поважно да го разгледаме секој чекор многу внимателно и тесно да се координираме еден со друг“, кажал тој.

„Избегнувањето на ескалација кон НАТО е главен приоритет за мене“, додал тој.

„Затоа не се фокусирам на анкети и не дозволувам да ме иритираат остри повици. Последиците од погрешен потег би биле драматични“, заклучил Шолц.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија