Утрински Весник
Спорт

Шок за Колумбија – капитенот Хамес Родригез нема да игра на Копа Америка

Шок за Колумбија – капитенот Хамес Родригез нема да игра на Копа Америка
Dik 300x250 mk

Неверојатна вест доаѓа од Колумбија. Тамошниот селектор Рејналдо Руелда го прешкрта капитенот на националниот тим, Хамес Родригез (29) од списокот на учесници на Копа Америка, што од 13. јуни до 10. јули ќе се одржи во Аргентина.

Родригез на крајот на сезоната се подготвуваше да и се приклучи на селекцијата пред големиот турнир. Сепак, шефот на стручниот штаб му рекол дека за него нема место во селекцијата.

Официјално, овразложението е дека тој е недоволно физички подготвен, а фудбалерот на тоа реагираше со соопштение во кое остро ги отфрли ваквите тврдења.

„Добив соопштение од стручниот штаб и го дочекав со изненадување. Навеле дека не сметаат на мене и дека ми посакуваат брз опоравок, а веќе се опоравив и поднесов голема жртва за да биде така“ напиша тој.

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Баерн Минхен кој сега ги брани боите на премиерлигашот Евертон вели дека „трпи голема болка“ затоа што секогаш давал се од себе за Колумбија и нагласува дека е подготвен за турнирот.

Родригез сезонава одигра 26 меча за „карамелите“.

> Шок за Колумбија – капитенот Хамес Родригез нема да игра на Копа Америка <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026