Утрински Весник
Спорт

Шок во Мадрид: Тренерот на Реал имал срцев удар

Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо, преживеал срцев удар утрово, потврди најтрофејниот кошаркарски колектив во Европа.

Тој веднаш е префрлен во болница во Мадрид каде е укажана помош, а во моментот е во стабилна здравствена состојба.

Реал Мадрид во моментов води со 2:0 во победи во полуфиналната серија против Басконија.

> Шок во Мадрид: Тренерот на Реал имал срцев удар <

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид