Утрински Весник
Свет

Шокантно тврдење од Киев: Унгарија сака да земе дел од Украина?!

Унгарија, наводно, сака да земе дел од Украина, најверојатно Транскарпатија, каде што живеат околу 150.000 етички Унгарци.

Овие тврдења ги изнесе Алексеј Данилов, додавајќи дека Унгарија ќе ги сноси последиците поради тоа.

– Унгарија отворено зборува за соработка со Русија. Згора на тоа, Путин ги предупреди пред почетокот на војната во Украина дека нашата земја ќе биде нападната – изјави Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана (НСДЦ).

Данилов одговори на прашањето дали Унгарија може да го блокира пристапот на Украина во НАТО.

- Унгарија мислеше дека може да земе дел од нашата територија. Ова никогаш нема да се случи. Победата дефинитивно ќе биде наша. Што се однесува до Унгарија, која така се однесуваше, ќе видиме какви ќе бидат последиците за оваа земја – додаде Данилов.

Иако Унгарија е членка и на ЕУ и на НАТО, Орбан одби да испрати оружје во Украина или да дозволи транзит на такви пратки низ територијата на неговата земја.

Будимпешта се спротивстави и на ембаргото за нафта и гас против Москва.

Можете да прочитате

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји

Лавров ги нарече обвинувањата дека Русија имала улога во инцидентот со беспилотното летало во Лајпциг „почеток на вистинска војна“