Утрински Весник
Спорт

Шкупи ќе игра против Динамо Загреб во ЛШ, ако успее да го елиминира Линколн

Македонскиот првак Шкупи, ако го елиминира Линколн од Гибралтар, во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе игра против шампионот на Хрватска, Динамо Загреб.


Ова значи дека Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи, ќе се сртне со клубот каде играше во минатото, а пред неколку години и тренер на Б-тимот на „модрите“.

Членови на Динамо Загреб се македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Натпреварите од втората рунда во квалификациите во ЛШ на програмата се на 19/20 јули и на 26/27 јули.

> Шкупи ќе игра против Динамо Загреб во ЛШ, ако успее да го елиминира Линколн <

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0