Утрински Весник
Спорт

Шкендија во Струмица се загреваше за Ботошани, Силекс „се удави“ кај Струга

Шкендија во Струмица се загреваше за Ботошани, Силекс „се удави“ кај Струга

Во рамки на петтото коло во Првата македонска фудбалска лига, денеска се одиграа два натпревари.

Во Струмица Шкендија убедливо ја совлада Беласица со 3-0, додека Силекс претрпе пораз нагости кај Струга Трим Лум со 2:0.

Тетовскиот клуб кој го очекува европски предизвик против романски Ботошани до трите бода во Струмица дојде благоарени на богодоците на Тотре во 54 минута, и двата гола на Ибраими во 83 односно 86 минута.

И кратовскиот прволигаш е пред настапот во ЛЕ, против косовска Дрита. Струга им ја расипа увертирата на кратовчани, па со головите на Лена во 77. и Миленковски во 89. минута успеа да ги собере бодовите.

ПМФЛ, 5. коло

Сабота –
Беласица-Шкендија 0:3
Струга Трим Лум-Силекс 2:0

Недела – (сите мечеви започнуваат во 16 часот)

Пелистер-Македонија ЃП
Вардар-Шкупи
Ренова-Работнички
Борец-Академија Пандев
Фото: FC Shkendija

> Шкендија во Струмица се загреваше за Ботошани, Силекс „се удави“ кај Струга <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија

Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија