Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шилегов: Ќе ги покажам сите документи од кои ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа

Шилегов: Ќе ги покажам сите документи од кои ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа
Img 7972

На денешното отворање на реновираниот објект на скопски Бит-пазар, во одговор на новинарско прашање, градоначалникот Шилегов се осврна на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со реновирањето на неговата семејна куќа.

„ Кога од позиција на градоначалник на Град Скопје за само четири години ќе направите четири булевари, еден мост кој е скоро завршен, втор мост кој е започнат, ќе уредите јавни простори за кои никој не помислил дека би можеле да бидат уредени, ќе внесете нов квалитет, ќе изградите 110 километри велосипедски патеки, ќе изградите капацитет како што е „Лајка“ со цел стратешки, среднорочно, да се реши проблемот со кучињата скитници, ќе ја вратите „Дрисла“ од еден обид за криминална приватизација во сопственост на Градот, во сопственост на граѓаните, многу е логично опозицијата во предизборието, и тоа го напоменав уште во јуни месец, да се обидува да ја дефокусира јавноста со проблеми што не се врзани со претстојните избори, туку се врзани лично со градоначалникот Шилегов. Јас сум 7 години во политиката, се изнаслушав се и сешто за мене, и тоа е претежно стимулирана црна кампања од опозицијата. По однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и на македонската јавност и ќе направам еден и само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи од кои што во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа што е предмет на реконструкција“ рече Шилегов.

Тој нагласи дека претстојните избори се за граѓаните, избори на кои граѓаните треба да одлучат во каков град сакаат да живеат.

„ Ајде да зборуваме за Скопје. Ова не се избори за СДСМ и за ВМРО – ДПМНЕ, ова не се избори за Шилегов или за госпоѓа Данела Арсовска, или за госпоѓа Ана Петровска или за господин Петар Георгиевски. Ова се избори за граѓаните. Ајде да се договараме во натпревар на идеи, политиката е натпревар на идеи, што е тоа што ние како луѓе кои претендираме да бидеме градоначалници во наредните четири години сакаме да го понудиме на скопјани. Да не се занимаваме со црни пропаганди. Мислам дека на сите ни е преку глава од поделби и од омраза. Навистина мислам дека граѓаните заслужуваат еден спокоен развој и што повеќе вакви објекти да се отвораат, да ги стимулираме инвеститорите“ додаде градоначалникот Шилегов.

Можете да прочитате

Фазлиу: ДУИ претворена во приватна компанија во служба на српските интереси

Оставија полна торба со пари и телевизор: Левица ја стартуваше кампањата пред АВМУ!

Меџити: Ова е почеток на мисија за ослободување од стариот корумпиран систем на една партија која ги држеше Албанците во страв и неизвесност