Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шилегов: Водно е бисерот на Скопје, не смее да го вратиме во рацете на неговите уништувачи

Шилегов: Водно е бисерот на Скопје, не смее да го вратиме во рацете на неговите уништувачи
300x250 opst2

Би сакал директно да им одговорам на барањата на иницијативата „Го сакам Водно“, дека од сè срце ги прифаќам нивните барања и ги сметам и за свои, вели кандидатот за втор мандат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Тој одговри на повикот од граѓанското здружение, до двајцата кандидати во градоначалничката трка за Скопје, да дадат гаранција дека нивните намери за вистински и целосно заштитено Водно се искрени.

„Водно го штитевме заедно со активистите во долгите и мачни преговори за гасоводот кој го наследивме како проблем. Успеавме да ја измениме трасата во критичните четири километри каде требаше да се пресече шума, но и успеавме да ја преполовиме ширината на коридорот со што дополнително заштитивме илјадници дрвја на Водно. Успеавме да обезбедиме средства од државата за компензација и пошумување на ерозивните подрачја на планината“, кажа Шилегов.

Тој воедно нагласуве дека во неговата програма недвосмислено е потенциранот дека нема да се дозволи покачување на градежната линија и дека јужната обиколница на Скопје ќе биде избришан од новиот ГУП.

„За разлика од мојата противкандидатка, јас нема да сечам нова шума за нов коридор на жичницата до градот. Јас нема да дозволам гондоли да поминуваат над главите на жителите на Водно, Козле и Капиштец. Јас нема да дозволам пробивање на нови патишта како што правеа нејзините сопартијци. Ниту пак ќе дозволам нови сончеви населби на падините на Водно, како што правеа нејзините другари“, потенцира Шилегов.

Тој воедно упати и директна порака до иницијативата „Го сакам Водно“, велејќи дека од сè срце ги прифаќа нивните барања и ги смета за свои.

„Денес ги задолжив службите во градот итно да постапат по одлуката на Владата за прогласување на Водно во заштитена зона и да испратат барање до Агенцијата за Просторно Планирање за изработка на Просторен План за Водно“, посочи Шилегов.

Можете да прочитате

Денеска во Скопје дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025

СИБИРСКИ БРАН: Ќе наврне над 60 сантиметри снег, а ќе има и појава на мраз!

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа