Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шилегов: Арсовска тресе од ракав проекти во кои никој не верува

Шилегов: Арсовска тресе од ракав проекти во кои никој не верува
300x250 opst2

Актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов, денеска упати реакција, на како штo се вели, лажните верувања на противкандидатот oд ВМРО-ДПМНЕ.

„Даниела Арсовска продолжува исто како вчера, со од ракав истресени проекти на кој никој не верува и служат за потсмев на социјалните мрежи. Ако вчера вети бесплатен превоз на кој цело Скопје се смее, денес ова го надополни со нова уште поголема лага, ветување за 250 нови автобуси“, реагираат од штабот на Шилегов.

Од таму сметаат дека целта на Арсовска е со мегаломански ветувања да го покрие своето незнаење и безидејност.

„Утопија се овие ветувања на Арсовска, додека готовиот план за Бас рапид системот се реалност која веќе се реализира“, реагираат од таборот на Шилегов.

Нагласуваат и дека скопјани може да препознаат што е планирано, добро осмислено решение, а што изборен лош маркетинг.

„Арсовска е лош менаџер кој нема ниту план ниту идеја за проекти, а има вреќа полна лажни ветувања“, потенцира Шилегов.

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места