Утрински Весник
Економија

Шефот на „ЏП Морган“ најавува: Подгответе се за економски ураган

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Извршниот директор на холдинг компанијата за финансиски услуги „ЏП Морган Чејс“, Џејми Димон предвидува економски ураган предизвикан од војната во Украина, зголемени инфлациски притисоци и зголемување на каматните стапки на американските Федерални резерви, пишува „Си-ен-ен“.

Тој метеоролошкиот речник го употребил во говор на конференцијата во Бернштајн.

„Во моментот е повремено сончево, работите изгледаат добро. Сите мислат дека Федералните резерви можат да го поднесат тоа. Сепак, ураган е на повидок и доаѓа кон нас. Не знаеме дали се работи за помала или супербура. Подобро подгответе се“, рече Димон.

Тој додаде дека „ЏП Морган Чејс“ се подготвува за лоши резултати.
Димон рече дека централната банка мора да ги зголеми стапките поради зголемувањето на цените на становите и другите инфлациски притисоци. Тој нагласи дека сè уште мисли оти американскиот банкарски систем е во одлична состојба и дека може да ги издржи тие предизвици.

Димон, исто така, рече дека „ЏП Морган Чејс“ ќе даде сè од себе за да привлече таленти за да остане на врвот на финансискиот свет. Извршниот директор рече дека религиозно ќе се посвети на добри плати за да ги задржи своите најдобри работници.

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра