Утрински Весник
Економија

Шефот на Фолксваген направи профил на Твитер и го „пецна“ Илон Маск

Шефот на Фолксваген направи профил на Твитер и го „пецна“ Илон Маск
Dik 300x250 mk

Извршниот директор на Фолксваген, Херберт Дис, отвори твитер профил и веднаш во првата објава му се обрати на Илон Маск, неговиот голем конкурент.

„Еј, Твитер! Тука сум да ги искажам моите ставови и ставовите на групацијата Фолксваген, особено за политички теми. Се разбира, тука сум и да земам дел од вашиот удел на пазарот, Илоне Маск. На крајот на краиштата, нашите модели ID.3 и e-tron се најпродавани во Европа. Очекувам продуктивни дискусии!“, порача Дис.

Аферата Дизелгејт го потресе германскиот автомобилски гигант, но неговите електрични возила се добро позиционирани на европскиот пазар, особено во Германија. Така, Фолксваген стана голем конкурент на Тесла, која во меѓувреме ја намали цената на својот „модел 3“ во Европа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност