Утрински Весник
Спорт

Шефот на Брајтон: Зошто не можеме да ја завршиме сезоната на нашите стадиони, а Германците можат?

Шефот на Брајтон: Зошто не можеме да ја завршиме сезоната на нашите стадиони, а Германците можат?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Брајтон, 8 мај 2020 (МИА) – Извршниот директор на Брајтон, Пол Барбер, се спротивстави на иницијативата да се играат натпревари во Премиер лигата на неутрални терени до крајот на сезоната 2019/20.

– Германците сакаат да го завршат првенството, локалните клубови ќе играат на своите стадиони. Ако тие можат, тогаш зошто не можеме да го сториме истото? Англија има некои од најдобрите стадиони во светот, некои од најдобрите фудбалски клубови во светот. Англиското првенство е едно од најсилните. Па, зошто не можеме да го сториме истото како Германија и да ја завршиме сезоната под истите услови како што започна? Зошто воопшто беше покренато прашањето за неутралните терени и зошто се смета за побезбедно отколку играњето на сопствените стадиони?, вели Барбер за „Мирор“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички