Утрински Весник
Македонија

Изминатово деноноќие 49 лица не го почитувале полицискиот час

Побарани парични казни за 40 прилепчани за непочитување на полицискиот час

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатово деноноќие, според статистиката на МВР, на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, како што соопшти МВР,  во текот на изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Оттаму посочуваат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит