Утрински Весник
Спорт

Шефот на амбасадорите во Ла Лига: Признавам дека ќе дозволиме одреден број на навивачи во последните кола

Шефот на амбасадорите во Ла Лига: Признавам дека ќе дозволиме одреден број на навивачи во последните кола
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 12 јуни 2020 (МИА) – Шефот на амбасадорите на Ла Лига, екс-претседател на Малага, Фернандо Санс, зборуваше за евентуалното учество на публика на натпреварите по рестартирањето на првенството на Шпанија.

– Раководството на Ла Лига внимателно ќе го следи ширењето на заканата од коронавирусот. Ако се оди според најдобро сценарио, тогаш признавам дека во последните рунди можеме да дозволиме одреден број навивачи со строг протокол за верификација. Сега не можам да дадам приближна бројка, но ако пополниме дури третина од стадионот, ќе биде одлично и ќе биде од голема помош да ја започнеме сезоната 2020/21 како и обично, потенцира Санс.

Ла Лига продолжи синоќа со градското дерби во Севиља, а вечер на распоредот се две средби од 28. коло. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска