Утрински Весник
Свет

Шефицата на британската дипломатија: За Украина уште оружје, за Русија уште санкции

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Тас денеска изјави дека е од витално значење да се задржи притисокот врз Русија, со испраќање уште повеќе оружје во Украина и со воведување дополнителни санкции, пренесе Ројтерс.

„Многу е важно во овој момент да продолжиме да вршиме притисок врз Владимир Путин со испраќање повеќе оружје во Украина и заострување на санкциите“, рече таа при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во северна Германија, во одморалиштето Вајзенхаус.

Важно е да се продолжи со притисокот врз Русија, рече Трас.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада