Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да ја прифати подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и на Македонија

Ковачевски не треба да бега од подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата. Тоа е во интерес на граѓаните и на Македонија. Ковачевски треба да престане да биде заложник на заевизмот, но и заложник на коалицискиот партнер, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните, кои на крајот на краиштата во огромно мнозинство сметаат дека Македонија се движи во погрешен правец.

Затоа предлагаме експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да определиме датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт