Утрински Весник
Свет

Шефицата на британската дипломатија позитивна на ковид, деновиве таа требаше да оди во Украина

Шефицата на британската дипломатија позитивна на ковид, деновиве таа требаше да оди во Украина

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас синоќа соопшти дека e позитивна на коронавирусот и дека е изолирана дома.

Трас, којa денеска во британскиот парламент ги објави плановите за заострување на санкциите кон Русија доколку ја нападне Украина, требаше да го посети Киев оваа недела како дел од дипломатските напори за смирување на кризата, пишува „Ројтерс“.

„ Вечерва се тестирав позитивно на Ковид. За среќа, примив три дози од вакцината и ќе работам од дома додека сум во изолација“ изјави Трас на Твитер.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван