Утрински Весник
Македонија

Шест скопски општини добија градоначалници по првиот круг

Шест скопски општини добија градоначалници по првиот круг

На вечершата прес-конференција на Државната изборна комисија, претседателот Александар Даштевски кажа дека според пребројувањето на гласовите, Тимчо Муцунски и Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ се новите градоначалници на скопските општини Аеродром и Ѓорче Петров.

Врз основа на оваа информација, може да се констатира дека по првиот круг, градоначалници добија шест скопски општини, а во останатите четири ќе се оди во втор круг.

Претходно, врз основа на веќе обработените податоци беше објавено дека нов градоначалник на Бутел е Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, на Гази Баба неговиот сопартиец Бобан Стефановски, на Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски од истата партија, а во Сарај беше реизбран Блерим Беџети од ДУИ.

Во вториот круг ќе се води битка за Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

Можете да прочитате

Алиу: За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен

Промовиран нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи од медицина на трудот

Сиљановска-Давкова ги прими виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева