Утрински Весник
Македонија

Шест прекршувања на полицискиот час, 212 санкции за неносење маска

Шест прекршувања на полицискиот час, 212 санкции за неносење маска

Шест лица синоќа не го почитувале полицискиот час кој е на сила секој ден од полноќ до четири часот наутро.

Од МВР исто така информираат дека во текот на изминатото деноноќие, во однос на мерката за носење заштитна маска, како превенција од коронавирусот, регистрирани се 212 прекршоци.

Министерството воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Можете да прочитате

Владата попушти? Забраната за пушење се одложува?

Хрватска и Албанија се клучни за стабилноста во регионот вели Шекеринска

Мицкоски оствари средба со Зеленски