Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Шест нови лица прекршиле полициски час во Тетовско

Во тетовско 295 лица во самоизолација
300x250 opst2

Тетово, 29 март 2020 (МИА) – Шест нови жителите на Тетовско ќе се соочат со законски санкции поради непочитување на ограничувањето на движењето во насока на спречување на пандемското ширење на коронавирусот, информираат денеска од тетовската полиција.  Со новите случаи тетовската полиција од почетокот на ограничувањето на движењето бележи 52 примери на прекршување на полицискиот час.

– Во периодот од 7 часот вчера 28 март до утрово во 7 часот откриени се вкупно шест лица како се движат во термините во кои е определно ограничено движење. Едно од шестте лица е човек на возраст над 67 години. Сите ќе се соочат со законски предвидени поднесоци, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во изминатиот период контролирани се и угостителски објекти во Тетовско. Два локали кои работеле врмено се затворени со решение на Државен пазарен инспекторат.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени