Утрински Весник
Спорт

Шест натпревари му беа потребни на Мурињо да се запише во историјата на Рома

Шест натпревари му беа потребни на Мурињо да се запише во историјата на Рома

Шест натпревари му беа доволни на Жозе Мурињо да влезе во историјата на Рома. „Волчицата“, синоќа убедливо го порази тимот на ЦСКА од СОфија (5:1), во првото коло, во Конференциската лига.

Триумфот над бугарскиот тим беше шести за Рома и Мурињо од почетокот на сезоната, во исто толку натпревари.

Трета пат во историјата, клубот основан во 1927 година, има максимален број на победи по шест одиграни мечеви во сезоната. Пред Мурињо, тоа два пати му успеа на Руди Гарсија во сезоните 2013/14 и 2014/15.

Мурињо ќе има можност да стане апсолутен рекордер во недела, кога Рома во Серија А ќе гостува кај Верона.

> Шест натпревари му беа потребни на Мурињо да се запише во историјата на Рома <

Можете да прочитате

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри