Утрински Весник
Македонија

Шест лица од Дебар и еден странец се тестираат за коронавирус

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Шест лица од Дебар и еден странец во моментов се тестираат за коронавирус, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

– Во моментов на коронавирус се тестираат 6 лица од Дебар. Од нив, четворица кои имале контакт со заболените од Дебар. Еден доктор епидемиолог и еден лабораториски техничар исто така од Дебар кои се без симптоми на корона вирус, но за кои е важно да направиме проверка на нивната здравствена состојба, наваедува министерот Филипче.

На коронавирус се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола. Резултатите ќе бидат готови за неколку часа, по што јавноста ќе биде информирана.са/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство