Утрински Весник
Свет

Шест лица меѓу кои пет тинејџери се убиени во вооружен напад во Мексико

Шест лица, меѓу кои пет адолесценти на возраст од 17 и 18 години, се убиени во вооружен напад во Мексико, соопштија локалните власти.

„Со тага ве информирам дека шест лица ги загубија животите“, изјави Цезар Прието, градоначалникот на Саламанка, градот во кој се случи нападот во близина на основното училиште.

Вооружена група пукала во студентите, како и врз 65-годишен минувач, соопшти полицијата, пренесуваат агенциите.

Мотивот за нападот не е познат, а сите жртви биле веќе починати кога на местото пристигнала полицијата и брзата помош.

Државата Гуанахуато е центар на мексиканската нафтена индустрија, како и една од земјите со најмногу насилство.

Кон крајот на мај, во вооружен напад на хотел во градот Селаја, трет по големина во мексиканската држава, загинаа осум жени и тројца мажи, анализираат медиумите.

Според нивните извештаи, од декември 2006 година, кога владата започна контроверзна воена операција во борбата против дрогата, во Мексико се регистрирани повеќе од 340.000 убиства, кои властите најмногу ги припишуваат на конфликти меѓу криминални организации.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад