Утрински Весник
Македонија

Шест казнени налози од ОЈО Гостивар за непочитување на полицискиот час

Девет казнени налози предложи ОЈО Радовиш
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози против шестмина кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Гостивар.

– Сите обвинети во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија па се движеле со возило или пеш низ градот, велат од обвинителство.

Обвинителството на надлежниот суд му предложи на сите обвинети да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​ оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

2 милијарди долари турски инвестиции во Македонија

Градоначалникот на Лерин го стопира пеењето на македонски јазик

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви